„Очекувам како што и доликува на една европска демократска држава сите учесници во изборниот процес, вечер по завршувањето на гласањето да си подадат рака и да си честитаат еден на друг“, изјави претседателот Стево Пендаровски кој денеска гласаше во скопска Автокоманда.



Ние сме една од првите пет-шест држави во светот која организира избори во време на корона. Јас се надевам дека така ќе остане како што е и досега во текот на изборниот ден се до прогласувањето на резултатите, рече шефот на државата.