Одзивот на гласачите до 15 часот е 31,78 проценти, соопшти Државната изборна комисија, според чии податоци дотогаш своето избирачко право го искористиле 576.576 граѓани со право на глас.
Најголема излезеност од 35,56 отсто има во четвртата изборна единица, а најмала од 22,85 отсто во шестата.
Во „единицата“ до 15 ч. гласале 34,51 отсто од запишаните во избирачкиот список, во „двојката“ 29,96 отсто, во „тројката“ 37,24 отсто и во „петката“ 31,51 отсто.




