Трамп: Полицијата убива повеќе белци!

Претседателот на САД, вчера изјави дека полицајците убиваат „повеќе белци“ отколку Афроамериканци.



Во интервју за Си-Би-Ес Њуз, Донал Трамп беше запрашан зошто Афроамериканците продолжуваат да умираат во рацете на полицијата.

„И белците, и белците исто така. Колку е ужасно прашање… Повеќе белци”, одговори тој

Откако на 25 мај за време на апсењето во Минеаполис, почина Афроамериканецот Џорџ Флојд кому бел полицаец со колено му го притисна вратот, дојде до масовни протести низ САД и во светот.

Инаку, според анализата на „Вашингтон пост“, половина од убиените лица од полицијата се белci, но смртта на Афроамериканците е непропорционална затоа што тие сочинуваат нешто помалку од 13 проценти во вкупното население во САД.