„Се чувствувам добро и сигурно знаејќи дека вирусот не може да ме зарази и јас никој не можам да заразам. Тоа е добро чувство“, вели Македонецот Борко Андреевски кој живее во Англија, по три месеци откако ја прими вакцината против ковид-19.
Тој своето искуство го сподели во изјава за ТВ Сител.
„Имаше три земања крв и тестирања, уште едно ќе следи во ноември. На шест месеци, но тоа е за нас бидејќи не тестираа. За сите останати не би требало да има тестови, само вакцината – вели Борко Андреевски во изјава за Сител.
Вакцината се очекува да биде официјализирана кон крајот на 2020 година. Таа ќе биде од фармацевстката куќа AstraZeneca на која работи Универзитетот Оксфорд.





