Зибери: Благодарам за грижата, јас сум потполно здрав


Насер Зибери, кандидатот за премиер на една политичка партија за кој медиумите објавија дека е позитивен на ковид-19, предмалку објави дека не е заразен од коронавирусот.



„ Почитувани. Ви благодарам многу за масовната грижа и поддршка, јас сум потполно здрав и добар, подготвен за новите предизвици. Ве молам да ги користете вашите телефони за разговори со семејството, пријателите, најблиските и соработниците, а не за ниска клевета, црна кампања и пропаганда на ден пред изборите затоа што не ве вреднува. Јас не сум позитивен во ковид-19 и утре во 10:00 часот ќе го искористам своето право на глас и ве повикувам сите да гласате и да не станете жртви на злонамерна пропаганда. Им посакувам здравје на сите и брзо закрепнување на сите заразени“, напиша Зибери на својот Фејсбук профил.

Интерересно е, констатира „360 степени“ што на Зибери и партијата што го кандидира за премиер им требаа повече од три часа да одговорат што е вистина во врска со веста што ја објавија речиси од сите медиуми.

На социјалните мрежи имаше отворено сомневање дека можеби се работи за пропаганден потег.