Поради пандемијата од четврток на австриските аеродроми нема повеќе да може да слетуваат авиони од сите земји од Западен Балкан, но и од Бугарија, Романија, Молдавија, Египет.
До крајот на јули ќе бидат укинати летовите од и кон Белград, Букурешт, Каиро, Подгорица, Сараево, Скопје, Софија, Тирана и Варна.
Според одредбата постојат исклучоци, но во нив спаѓаат само „летовите кои ја интересираат Австрија“, како и слетување на товарни авиони, авиони кои префрлаат заболени или враќаат австриски државјани, односно превезуваат медицински и здравствен персонал, како и работници за помош во земјоделието..




