Поранешната директорка на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска, поднела приговор на предлогот на Обвинителството да биде казнета со 10 илјади евра за ширење на заразна болест, дознава „Фокус“.
Докторката беше една од првите заразени со Ковид -19 на почетокот на епидемијата откако се врати од скијање од Италија и наместо да биде во изолација таа по враќањето одела на работа и била дел од научен симпозиум.
Кожната клиника по нејзината зараза беше привремено затворена, неколку вработени беа позитивни, а дел во самоизолација. Биљановска беше разрешена од директорското место, но по нејзиното боледување се врати на работа како доктор на Клиниката.






