„Ничим изазван“, што би рекле Србите, уште помалку во духот на извиканиот Договор за пријателство, добрососедство и соработка, бугарскиот портал „Флагман.бг“ во напис за пандемијата на коронавирус во Македонија на две места ја користи формулацијата „просрпската Северна Македонија“?!
„Пандемијата во просрпската Северна Македонија не стивнува“, вели медиумот уште во насловот, за „просрпството“ на западниот сосед да проговори и во воведот: „Пандемијата од Ковид-19 во просрпската Северна Македонија не стивнува, но министерот за здравство Венко Филипче увери дека болниците имаат доволен капацитет за прием на пациенти, пишува ‘Независен весник’, цитиран од БТА“.





