Никола Кокан Димушевски, еден од основачите на групата „Леб и сол“, му изрази поддршка на оперскиот пејач Игор Дурловски со маичка со неговото презиме.
На заедничката фотографија, која Дурловски ја стави како профилна на неговата страница на Фејсбук, носителот на листата на опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица за возврат носи маичка со името на култниот македонски рок состав.





