Турскиот државен совет ја поништи одлуката на Кемал Ататурк од 1934 година, според која познатата Аја Софија беше прогласена за музеј.
Ова здание изградено во 6-ти век како црква во тогашниот Константинопол, во иднина повторно ќе биде џамија.
Света Софија е изградена меѓу 532-537 година по наредба на византискиот император Јустинијан Први, иповеќе од еден милениум била најголемата црква во христијанскиот свет.
По османлиското освојување на Константинопол во 1453 година од страна на султанот Мехмет Втори, таа била претворена во џамија, а во структурата биле додадени четири минариња.
Нејзиниот статус беше сменет во музеј во 1934 година и во моментот е светско наследство на УНЕСКО. од каде предупредија да не се менува сегашниот статус и да остане музеј.





