Ноќеска на скопскиот меѓународен аеродром бил уапсен 28-годишен гостиварец кој од странство му упатувал спртни закани на премиерот Оливер Спасовски, дознава Телма.
За делото за кое е осомничен предвидена е затворска казна од една до 5 години затвор.
28 годишниот М.М. при апсењето на полицајците им кажал дека во моментот кога ја пишал заканата бил изнервиран и тоа го сторил во афект, а после се смирил, велат за Телма извори од истрагата.
МВР објави дека е изведен пред судија на претходна постапка.





