Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, преку „Твитер“ побарал разбирање од премиерот на Косово, Авдулах Хоти, за одлуката на Владата со која се бара од граѓаните на Косово да имаат негативен тест ПЦР за да влезат во државава.
Според Села, мерките што ги воведе Владата се политички мотивирани од стравот од изборите.
Села моли премиерот Хоти да има разбирање и да не се преземат слични мерки против граѓаните на Македонија затоа што со тоа би се казниле граѓаните на двете држави, особено и иселениците, кои се соединуваат со своите семејства во овој момент.
Тој додава дека по 15 јули ваквите пречки меѓу двете земји ќе се бидат во историја.




