Сабота и недела да бидат прогласени за неработни денови, породилното отсуство да трае 12 месеци и минималната плата дарасте, се барањата на Сојузот на синдикати кои ќе бидат стартна основа за преговори со новата Влада од кои нема да отстапат.
Синдикатот бара и да се врати стариот услов за одење во пензија според работниот стаж, односно со 35 години работен стаж за жена и 40 години за маж, без оглед на годините на возраст..
Синдикатот бара и секој да може предвремено да се пензионира на 60-годишна возраст ако има работен стаж од најмалку 15 години.




