„Ги укинуваме кабинетите на сите 7 министри без ресор во новата, уште подобра Влада предводена од СДСМ и коалицијата ’Можеме‘. Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна Влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани“, објави синоќа на Фејсбук лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Тој ова го сподели на социјалните мрежи по вчерашната трибина што коалицијата „Можеме“ ја одржа во скопската општина Шуто Оризари.




