Пред платото на Собрането на Србија, каде што во претходните два дена дојде до насилни нереди синоќа протестот мина мирно со помали инциденти.
Поголемиот дел од граѓаните седеа како начин да се оградат од групите и поединците кои на протестите во претходните две вечери се судираа со полицијата.
Медиумите известуваат дека во еден момент во Белград завладеа весела атмосфера пред српскиот парламент, па демонстрантите се фатија за раце и заиграа оро.
Инаку, и денес дел од демонстрантите беа повоинствени, извикува пароли за Косово и Вучиќ.
Притоа, тие ги провоцираа граѓаните што во знак на мирен протест седеа на земја, но сепак мнозинството опстоја на ставот да се издвојат од насилниците.
Во еден момент некој во толпата фрли и петарда, но другите демонстранти веднаш реагираа.
Повод за дводневните протести низ повеќе градови во Србија беше најаватa на српскиот претседател Александар Вучиќ за повторно воведување полициски час и рестриктивни мерки поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус.




