Заев во небрано на пазарот во Тетово: Албански гласови повеќе нема да добиеш! (ВИДЕО)

Лидерот на СДСМ и експремиер Зоран Заев доживеа непријатност на пазарот во Тетово, каде што од една од тезгите пред големата придружба му беше порачано да не се надева повеќе на гласови од Албанците, а тој се оправдуваше дека „многу работи направивме“.



Заев во Тетово беше придружуван од коалицискиот партнер Билал Касами од Беса, кој е носител на заедничката листа во шестата изборна единица.