Дурловски од спомен-паркот на револуцијата во Охрид: Ќе ја продолжиме нивната идеја

Оперскиот пејач Игор Дурловски, носител на листата на опозициската коалиција предводена од ВМЕО-ДПМНЕ во петтата изборна единица, заедно со поранешниот претседател Ѓорге Иванов, положија цвеќе во спомен-паркот на револуцијата во Охрид.



„Денес со претседателот Иванов, во Спомен паркот на револуцијата во Охрид, се поклонивме пред жртвата на младите луѓе кои ги положија своите животи на олтарот за слобода на Македонија.

Парадоксот е голем, денес ние, се соочуваме со безмалку истите предизвици, со истите сенки со кои се бореа и тие. Тогаш со куршуми го убивале крикот за слобода, денес безочно газат врз жртвата на овие млади луѓе, негирајќи го фактот дека Македонија е на Македонците.

Ние, потомците на паднатите борци ќе ја продолжиме нивната идеја, ќе ги победиме сите што во меѓувреме ја скрнавеа оваа земја и како што не ни ја одзеле слободата, така и нема да дозволиме да ни го погазат идентитетот.

Ние ќе изградиме достоинствена иднина за нашите деца, грижливо чувајќи го споменот на 17-годишната Јасна од Рамне и сите нејзини соборци во нашата колективна меморија“, порача Дурловски.