Во минатото деноноќие во Македонија се регистрирани 168 новозаразени од коронавирус и тројца починати, објави министерот за здравство Венко Филипче.
Безмалку половина од новите позитивни случаи се од Скопје (83), од каде што се и двајца од починатите, а третиот е од Гостивар.
Во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а
Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 7.572, на починати е 362, на оздравени е 3624, а бројот на активни случаи е 3.586.





