Нова “бомба” – Што преговарал Заев со Сашо Мијалков (АУДИО)

Во нова аудио “бомба” објавена на Јутјуб каналот “Мијачки шилеџе” се слуша разговор меѓу лидерот на СДСМ Зоран Заев и непознато лице во кој се зборува за повлекување на финансиска полиција од општина Струмица.



Во првиот разговор објавен денеска кој трае 1 минута и 54 секунди според насловот што го напишал поставувачот на Јутјуб-каналот алудира на наводен договор на Заев со Сашо Мијаков, тогаш висок функионер ВМРО – ДПМНЕ и во власта. Во разговорот навистина се споменува името Сашо а соговорникот на Заев писмено ги евидентира неговите барања со цел да ги пренесе на тој што може да ја прекине постапката во Струмица.

Од она што може да се разбере е дека Заев бара писмено решение од финансиската полиција дека во општина Струмица прекинуваат сите постапки на контрола и не е пронајдено ништо. На крајот на тонскиот запис Заев вели „нека повлечат се со решение и нема да објавам ништо“.

Ова е транскриптот од тој разговор:

Непознат глас: Значи Сашо спремен е за договор. Сашо.

Заев: Јас преговарав со Сашо. Со Сашо кога се гледавме…

Непознат глас: Еве јас ако ти ветам дека ќе…м?

Заев: Нека пушти решение бе, финансовата инспекција писмено решение, дека во општина Струмица прекинуваат сите постапки на контрола и не е пронајдено ништо.

Непознат глас: Добро, чекај да запишам. Значи, да се пушти решение до општина Струмица, од која институција, од кои сектори?

Заев: Финансова полиција. Дека ги прекинуваат сите постапки на контрола во општина Струмица.

Непознат глас: Дека ги прекинуваат сите постапки…

Заев:…на контрола

Непознат глас: На контрола. На контрола врз општината Струмица. На Струмица и дека се е регуларно.

Заев: Се е регуларно, се е согласно закон. Еве што ти викам, нека повлеечат се…они ме принудуваат на такви работи. Значи да не заврши да не доаѓаат, туку решение дека е завршено океј нема да го подготвам пакетот, да тепам во тој правец и нема проблем. Нека повлечат се со решение.

Дистрозиран глас: Добро.