Бојан Јовановски до Обвинителството поднел пријави за околу 40-тина лица кои, според него, треба да одговараат за злоупотреба на службена положба, измама, давање лажен исказ.
Тој денеска повторно беше спроведен од истражниот затвор “Скопје” до Обвинителството, каде што по трет пат поднесе пријави.
Преку писмо на осум страници, напишано разчно, Боки 13 ја информира јавноста дека пријавите се однесуваат на носители на јавни функции, членови на нивни семејства, бизнисмени.
Адвокатот на Јовановски, Сашко Дуковски рече дека очекува по целосно документирање на случаите, Обвинителството да отвори предмети за поднесените кривични пријави.






