Тачи: Влада без Албанци ќе значи војна

Не може да има Влада без Албанци, бидејќи таквиот потег ќе доведе до војна, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во гостување на ТВ21.



Во однос на тоа кој треба да прави влада, Тачи ја исклучува ДУИ:

„Али Ахмети тврди дека неговата партија е за интеграција, а 20 години наназад е всушност националистичка партија. Тој е голем манипулатор и постојано провоцира“, рече Тачи.

Тој верува дека Зоран Заев ќе го одржи она што го најави во кампања, дека ДУИ ќе оди во опозиција, односно дека СДСМ нема да прави коалиција со ДУИ.

„Јас се надевам дека г. Зоран Заев ќе го одржи зборот, нема да ја зема ДУИ во Влада. Мојот услов за кој не се преговара по овие избори е ДУИ. Сите други политички сили… нормално е на нас ќе ни диктираат бројките и математиките за можноста за заедничко делување. Дефинитивно, јас освен мојот дел што ми припаѓа и на мојата партија, не планирам да му се мешам на следниот мандатар за тоа со кого ќе коалицира или не“, рече Тачи.