Поради пандемијата на коронавирус Месната заедница Галичник објави дека Галичката свадба да ќе се одржи на „Пресвета Богородица“, односно на 28 август со надеж дека до тогаш ќе се создадат услови за целосна организација.



„Разговаравме долго, го обезбедивме традиционалното покровителство на Свадбата од Претседателот на државата, се консултиравме со стручни лица од областа и со Комисијата за заразни болести, развивме сеопфатен протокол, но сфативме дека со оглед на моменталната епидемиолошка состојба, манифестацијата Галичка свадба не треба да се одржи на Петровден.

Будно ќе ги следиме состојбите и препораките, и се надеваме дека Свадбата ќе ја одржиме наскоро. Прилагодувањето е одлика на умните и истрајните, на тоа нѐ учи и природата“ се вели во соопштението од МЗ Галичник.