Причина за смртта на познатиот  холивудски актер е непозната, а телото го пронашла собарката во еден хотел во Пало Алто, Калифорнија, каде што престојувал по операција на грбот.



Џон Херд, почина на возраст од 73 години, а на повеќето ни е познат по улогите во филмовите “Сам дома” . По големиот успех на овој филм Џон Херд се појави во “Досие пеликан”, “Пред и потоа”, “Змиски Очи”  и “Гладијатор “, а имаше гостувања и во познатите серии како “Модерно семејство”, “Сопранови”, и криминалната серија” ЦСИ”.

Неговиот приватен живот, е поприлично турбулентен. Херд имаше четири поранешни сопруги и е татко на четири деца.