По три години на власт, Спасовски повикува „да кажеме збогум на режимот“?!

Техничкиот премиер Оливер Спасовски излезе со предизборна порака во која повикува за пресметка со „режимот“, иако веќе три години неговиот СДСМ е на власт?!



Дел од коментарите на објавата на Спасовски на Твитер:

„Овој мисли дека е 2016 или па смета дека се режим. #ЕвеНеЗнам“;

„Не се секирајте! Сигурно дека ќе кажеме Збогум на режимот“;

„На кој режим? Па нели го турнавте?“;

„Сакаш да кажеш дека живееме во режим?! СДС е на власт, уште ли не ви текнува?!“;

„Нели падна режим, дојде живот, како тоа уствари сеа викаш на животот збогум да му кажеме, чекајте малце другари“.