Упорни српски туристи сепак влегоа во Грција (ВИДЕО)

На „Фејсбук“ е споделен моментот кога по часови чекање, грчка царинарка на граничниот премин Кулата на бугарско-српската граница им соопшти на српски туристи дека сепак може да влезат во Грција.



Српски туристи уште од полноќ пристигнале на граничниот премин Промахонас (Кулата) и чекале речиси цела ноќ, за во Грција да влезат пред шест часот, односно пред да стапи во сила забраната за влез на државјани на Србија, јави дописничката на МИА од Атина.

https://www.facebook.com/darko.stojanovic.9028/videos/10207390614080007/