„Законот за јазици го донел Али Ахмети? ‘Мало сутра’.



Оти не го донесе кога беше во власта заедно со Никола Груевски? Не го донесе затоа што беше ‘маченце’‚ околу Груевски и немаше храброст. Требаше да се појави СДСМ и коалицијата за да се донесе овој закон“, изјави Зоран Заев на синоќешната средба со граѓани во Чаир.

Тој на лидерот на ДУИ уште еднаш му порача дека партијата треба да замине во опозиција.