Во Србија 325 нови случаи на корона, осум починати


Заклучно со 15 часот денеска во Србија биле регистрирани 325 новозаразени лица со Ковид-19, од 7.434 тестирани.

Осум лица починале во последните 24 часа, а на респиратор има 86 пациенти.



Од почетокот на епидемијата во Србија, потврдени се 15.829 случаи на коронавирус, а починале 306 лица.