Професорката Гордана Сиљановска Давкова која е носител на листата на опозицијата во изборната единица 1 вели дека власта нема право да зборува за заштита на правото на самоопределување затоа што се се откажаа од нашето наследство, македонското право на самоопределување и од Кутлеш.
Со Преспанскиот договор се откажаа и од Македонците во Грција обвини Сиљановска:
“Не можете дел од историјата од нашиот идентитет да го откинете, немаме територијални претензии ама не може делови од моето семејство во Грција да бидат посебен македонски народ со античко потекло а ние тука во Република Македонија да сме друг народ, да сме Словени.
“Некогашниот простор на географска, етничка Македонија е простор кој вклучувал луѓе по род слични на нас, наши роднини, но во поделбите, со војните, нашиот народ како и други не останал само во една држава, и тие што се во Егејска и тие во Пиринска и тие тука во Вардарска се истиот народ но не значи дека ние мислиме дека треба да се прекројуваат границите, ние само сакаме еден ден во ЕУ, да се најдеме сите заедно, да ги тргнеме границите меѓу нас”, порача Сиљановска во Сопиште.
Според неа ако напишете дека некои македонскк споменици се хеленско наследство е погрешно:
“Прво спомениците се од 2014 и си имаат автор, второ сите што се разбираат од уметност, од антика, ќе речат дека антиката е само хеленска. Македонија и Грција треба заеднички да се грижат за историското и културното наследство бидејќи тоа може да ги спои наместо да ги раздвојува, се што е на територија на Македонија е македонско наследство се што е на териториј на Грција е грчко наследство, но заедно треба да се грижат за него.
Во врска со Ковид19 кризата професорката смета дека да е Македонија под СДСМ вистинска држава која води сметка за здравството, економијата, демократијата немаше да ни се случува оваа катастрофа сега.
“Тие ја употребија државата за да водат партиска политичка изборна политика. Ние сме најцрвената точка што свети во регионот и во европа, најнепосакуваната дестинација, најнепосакуваните посетители. Си изјавуваат дека бике извондредни во справувањето со кризата, препознава ни. Немам зборови. Овие луѓе се однародени, живеат во свој свет, не е ист со нашиот. Ама друг народ не може да најдат, ама власт друга може да се најде. Петнаесет јули ќе биде нивен црн ден, а македонски светол ден”, вели Силјановска во говорот во кој се прашува дали можеби требаше да ни се случи разнебитувањето да се разбудиме.
“Го разбудија ВМРО во сите луѓе ширум светот, нашиот генетски код е разбуден, а тој е, и ќе ни биде ВМРО. Свесни се дека кај сите луѓе, дали се во дијаспора, дали се овде, го разбудија прашањето, ако некогаш луѓето гинеле за ВМРО, се бореле со ВМРО за Македонија, тогаш зошто тоа и денеска кога е загрозена нашата сегашност, иднина, и загрозен е нашиот идентитет, не би го врзале за најмоќните 4 букви за ВМРО”, заклучува Сиљановска во своето предизборно обраќање во скопско Сопиште.
https://www.facebook.com/777129052644972/posts/1169494573408416/?d=null&vh=e





