Д-р Александар Стојанов директор на Центарот за јавно здравје вели дека инфекцијата е раширена во сите делови на Скопје, а главниот град е најголемото жариште, нема веќе кластери а активни се 2.010 случаи.



„Со кластери е полесно, ги знаете луѓето ги изолирате и тоа, но сега овде е веќе излезено надвор и може секој на секое место да заболи. Чаир се уште води, но не е како порано.

Може да се каже дека се носиме со ситуацијата се додека имаме можност за хоспитализација. Кога бројот ќе биде голем да нема каде да бидат сместени, е тогаш е лошо како што имаше ситуации во некои развиени земји“, вели Д-р Стојанов за Сител.

Додава дека ако на почетокот на пандемијата во најголем ризик биле повозрасните и хроничните пациенти, сега, состојбата помлади луѓе и здрави заболуваат во тешки форми, заболуваат и постари но полесно.