Ахмети: Гоце Делчев со кече на главата држел говори пред Албанците!

Објаснувајќи ја заложбата на ДУИ за прв македонски премиер Албанец, нејзиниот лидер Али Ахмети се повика на – Гоце Делчев!



„Со Гоце Делчев соработувале албански патриоти и заедно работеле со Македонците за да ги решаваат проблемите на сите граѓани. Ако имаат малку почит за Гоце Делчев, нека разберат дека тој со кече на главата држел говори пред Албанците. Ако се наследници на Гоце Делчев, оваа кандидатура треба да ги направи среќни. Ако се наследници на Гоце Делчев, кој ги обединувал луѓето и не ги двоел. Ги молам сите да се присебни, затоа што Албанец премиер не само што ќе ги зајакне безбедноста и мирот, туку ќе ја подобри и економијата во земјата“, рече Ахмети во своето обраќање од Камениот мост во Скопје.