УЕФА за два дена ќе ја направи последната инспекција на стадионот во Скопје на кој ќе се одржи Европскиот Супер куп натпревар меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Делегацијата на Европската фудбалска асоцијација ќе биде дочекана со реализирани обврски и забелешки кои беа споменати при нивното последно гостување во Македонија.
“Сите недостатоци кои беа нотирани од страна на УЕФА на Телеком арената во Скопје се отстранети. Суперкупот може непречено да се одржи. УЕФА доаѓа во контрола во понеделник. На нас останува да се покажеме како гостопримливи домаќини” рече Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски.
Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед ќе се игра на 8. август во Скопје и ќе биде најголемиот спортски настан одржан во Македонија. Главниот град во тој период ќе биде домаќин на 20.000 шпански и англиски навивачи.



