Мицкоски: За мене ова е Македонија, ниеден договор не може да ме обврзе да ја користам придавката!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека не може да ја игнорира реалноста дека е променето државното име, но и оти ниту еден договор не може да го обврзе да ја користи географската одредница, бидејќи за него оваа држава е Македонија.



„Кој вели дека ние ја игнорираме реалноста? Ние сме дел од владата на државата со оваа придавка. Но, не можам никогаш да се сложам со административното име бидејќи тоа е спротивно на моите принципи. За мене оваа држава длабоко која во себе ја носам како што сум ја наследил и ќе ја пренесам на моите потомци е Македонија, и тука не треба да има дилема“, изјави тој во емисијата „360 степени“ на Алсат-М.

Предводникот на опозициската коалиција на претстојните парламентарни избори праша каде пишува дека како премиер ќе мора да го користи новото уставно име.

„Мојот став по тоа прашање е јасен. Реалноста е таа, ние сме дел од таа реалност, функциониравме во тие институции, ќе продолжиме да функцинираме, но мене никогаш никој договор не може да ме обврзе да ја користам новата придавка. Никој, никогаш“, категоричен е Мицкоски.