Царовска: 6-7 илјади луѓе добиле спогодбен отказ поради корона кризата

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска денеска соопшти дека околу 7.000 граѓани пријавиле дека со спогодбен отказ или со изјава ги загубиле своите работни места поради корона кризата.



„Последната бројка што ја имам е околу 6.000 – 7.000 лица, но, би ве упатила на Агенцијата за вработување да ви дадат точен и прецизен одговор, до каде се со обработка на тие барања и колку ги реализирале позитивно“, рече Царовска, како што пренесе Плусинфо.