Комисијата за заразни болести прашањето за границите повторно ќе ѝ го  довери на Владата, дознава Алсат М од извори во Комисијата каде се водела жестока дебата за и против затворање на границите кон Косово и Србија.



Дел од членовите на Комисијата се сомневаат дека предлогот има политички мотиви и сметаат дека Владата треба сама да ја донесе одлуката, јавува Алсат М.

Комисијата за заразни болести денеска ќе разгледува ново затворање на границите односно на состанокот се очекува да се разговара за евентуално повторно воведување на „нов режим“ со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров вчера рече дека одлуката за евентуално затворање на границите, нема да биде политичка.