Мултимилијардерот Бил Гејтс ги обвини Фејсбук и другите социјални мрежи за брзото распространување на коронавирусот во САД, поради дезинформациите на нив.



Според него дезинформациите убедиле поголем дел од населението, дека некои мерки против ковид-19, како што е носењето маски и физичкото растојание, не се неопходни, наводно.

Од почетокот на пандемијата, платформите распространуваат различни теории на заговор и лаги, поврзани со коронавирусот. На пример, се тврдеше дека новите кули за безжична комуникациска технологија за 5-Г  придонесуваат за ширењето на заразата, и оти 5-Г ги напаѓа и го ослабнува имунитетот на луѓето. Тоа се непроверени, неточни и лажни податоци.