И Швајцарија воведе карантин за државјаните на Македонија

Вест што нема да ги израдува македонските државјани што живеат во Швајцарија и што планираа(т) да дојдат или веќе го сторија тоа за претстојните избори во Македонија: по враќањето ќе мораат во самоизолација.



Причината е одлуката на швајцарската Влада да ја стави Македонија на листата од 29 земји со висок ризик на зараза од коронавирус, на која се и САД, Бразил, Шведска, Русија, Белорусија итн.

По пристигнувањето во Швајцарија со македонски пасош неговиот сопственик ќе мора да оди во 10-дневна самоизолација и да се регистрира кај надлежните органи.