Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и секратар за надворешна политика на оваа партија, Тимчо Муцунски, вели дека лажна вест е дека македонскиот јазик станал официјален јазик на Европската Унија.
„Тоа ќе се случи токму во моментот кога нашата земја ќе стане полноправна земја членка на ЕУ“ вели Муцунски пренесе Плусинфо.
„Обидите да се создава еуфорија од секој минимален чекор веќе стана фолклор. Граѓаните се сеќаваат на сите претходни ветувања на СДСМ за веќе добиен датум иако очигледно до тоа сè уште не е дојдено. Овој предлог-текст е причина за повеќе да се посветиме кон работата и спроведувањето на опипливи и сериозни реформи.
Треба да бидеме свесни дека Македонија не случајно повторно е исправена пред нови пречки и услови. Некои се билатерални, како употребата на термините македонски јазик и македонскиот народ или историските личности и настани кои ги оспорува нашиот источен сосед.
Иста е состојбата со македонското малцинство надвор од границите на Македонија“, вели Муцунски.
Истиот став го дели и лингвистот Бобан Карапејовски, кој на Фејсбук напиша дека тешка манипулација претставува вчерашното споделување на веста дека македонскиот јазик станал официјален на ЕУ, пишува Плусинфо.






