Османи: Прво избори, па подготовки за попис


Да поминат изборите на 15 јули и после тоа ќе започнеме со подготовките за организирање на попис на населението, најави денеска Вицепремиерот Бујар Османи според кој нов попис на населението во Македонија можеби ќе се случи наскоро.



Пописот на населението, кој требаше да се одржи во април годинава, беше одложен поради предвремените парламентарни избори. Најавите се дека пописот ќе се реализира во април 2021 година.

Последниот попис на населението во земјата беше направен во 2002 година, кога регистрирани беа 2.022.547 жители.

Последниот неуспешен обид за попис се случи во 2011 година.