Почина Шенол Ахмети, снимател МРТВ

Долгогодишниот снимател во албанската редакција на Македонската радио телевизија, Шенол Ахмети (51), почина синоќа од по изгубената битка со Ковид-19.



Неговите колеги на социјалните мрежи се збогуваат од човекот кој својата кариера ја посвети на МРТВ, каде што работеше повеќе од 20 години.

Ахмети се заразил од Ковид-19 последнава недела, а за само неколку дена состојбата му се влошила и завршил на респиратор. Синоќа тој ја загубил битката со коронавирусот.

Ова е трет случај медиумски работник да биде жртва на пандемијата.