Суфлето со сирење е идеално за појадок , брз ручек или лесна вечера. Брзо и едноставно се подготвува и сигурно ќе ви се дипадне во било која комбинација.



Состојки :

-50 гр путер

-40 гр брашно

-310 мл млеко

-30 гр пармезан

-80 гр ементал

-80 гр едамер

-1/4 мало лажиче црвен пипер

-4 јајца

Подготовка:

30 грама од путерот се растопуваат на умерен оган им се додава брашното, се запржува за кратко и се додава млекото. Се вари 3-4 минути (како каша) потоа во смесата се додава изренданиот едамер и ементал. Потоа на смесата и се додаваат јајцата и се додава црвениот пипер. Смесата се остава на оган за уште 2-3 минути при што постојано се меша, потоа се тргнува од оган.

 

Во еден сад се ставаат белките и малку сол и се мати на снег. Потоа во подизладената смеса со жолчки на 2-3 пати се додаваат белките и се меша бавно со лажица. Формата или индивидуалните формички се премачкуваат со останатите 20 грама путер и сеобложуваат со рендан пармезан. Готовата смеса се става во соодветниот сад и се печи на 180 степени за 10-15 минути. Смесата е доволна за 5 индивидуални порции. Се сервира веднаш штом се извади од рерна затоа што ќе спадне.