Бина пред Влада, Зибери ќе одржи владина седница

Пред зградата на Владата уште од утрово е поставена бина, се поставуваат столици на соодветно растојание, за одржување на првата владина седница на кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери.



„Денес, понеделник, 29 јуни, со почеток во 12:00 часот, пред зградата на Владата во Скопје, првиот албански премиер ќе ја одржи првата владина седница на која ќе им ја претстави владината програма на граѓаните“, соопшти ДУИ, која најави дека е дојдено време за прв премиер Албанец на Македонија.