Заев „блесна“ и во Куманово: Гоце Делчев е нашиот најголем јунак за борба против слободата?!

Лидерот на СДСМ неуморно ја зголемува збирката гафови во јавните настапи, на која ѝ придодаде уште еден на предизборниот собир пред спомен-костурницата во Куманово, овој пат осврнувајќи се на апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев.



„Гоце Делчев е нашата историја, нашиот најголем јунак за борба против слободата“, рече експремиерот пред сопартијците и симпатизерите на владејачката партија.

Како тоа Делчев се борел против, а не за слободата, Заев не објасни, а неговата „беседа“ за Гоце почнува 1:01,14 минути од почетокот на снимката: