Денеска 176 нови случаи на корона, 9 починати

За последните 24 часа регистрирани се нови 176 случаи на Ковид 19 од тестирани 870 граѓани што е просек од над 20 %.



Во изминатото деноноќие починаа девет заразени, седум од Скопје, а по еден од Тетово и Струга.

Најмногу новозаразени има во Скопје 61 случај, па Тетово со 22, Струга 19, Охрид и Штип со 14, Куманово со осум, а Гостивар со седум новозаразени. Со ова, бројот на досега заболени во државава се искачи над 6.000 слуачи.