Само вработените луѓе треба да имаат право да имаат семејство, а другите мора да бидат „елиминирани“. Општеството мора да се ослободи од луѓето кои сега добиваат бенефиции од државата, изјави шефицата на парламентарниот Комитет за социјална политика на Украина, Галина Третијакова.
„Кога им даваме државни средства на семејствата со невработени лица, а тие раѓаат деца не за да им даваат еднакви права или образование, туку да добијат родителите финансиска помош – тогаш добиваме деца со многу лош квалитет кои ќе трошат народни пари во иднина како и нивните родители. “, објасни таа.
Во својот настап таа уште рече дека, на пример, во Велика Британија, поранешниот заменик министер за социјална политика предложил да ги стерилизираат сите што сакаат да добијат социјална помош, а во Сингапур поранешниот премиер ги стерилизирал жените кои немале повисоки образование.
Одговарајки на бурата реакции по скандалозната изјава, Третјакова само рече дека се разботи за несреќен избор на зборови.




