Бројот на починати од Ковид-19 во светот надмина пола милион, а на заразени 10 милиона

Пред крајот на шестиот месец од официјалниот почеток на епидемијата од коронавирус, која набрзо стана пандемија, бројот на жртви надмина половина милион, а на заразени 10 милиона.



Најновите бројки на глобално ниво на самиот почеток на 28 јуни се 500.545 починати и 10.066.201 позитивни.

Оздравени се 5.451.616 лица, а бројот на активни случаи е 4.114.040.

На врвот на листата се САД со 2,6 милиони заразени и 128 илјади починати, пред Бразил со 1,3 милиони позитивни и 57 илјади жртви од коронавирус.