Мизрахи ги спои Македонија и Израел над Кокино

Рашела Мизрахи, техничка министерка за труд и социјална политика до смената поради употребата на името Република Македонија, ги спои Македонија и Израел со тоа што го развеа македонското знаме над Кокино облечена во боите на израелското знаме.



„Се развеа македонското знаме над Кокино — мегалитската опсерваторија во атарот на општината Старо Нагоричане.
И кој вели дека ја нема Македонија…
#ИсправиСеМакедонијо
#ОдбериОбнова“, објави на Фејсбук првата Еврејка министерка во македонската Влада и кандидатка за пратеничка во втората изборна единица од опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.