Порталот „Вечер.мк“ објавува опширна анализа според која за овие три години “само од Фондот за иновации и владините исплати за невладини органзиации, во медиумите и порталите на СДСМ се исплатени над 5 милиони евра пари од буџетот. Дополнително, од буџетот за проекти, рекламирања… од буџетот и од СДСМ им се исплатени уште 5 милиони евра”,.
Според шемата што ја објавува порталот
” Во пропагандна Фабрика на СДСМ која се плаќа од буџет влегуваат и порталот 24инфо.мк на кој има најмногу реклами од државни институции, како и порнографскиот портал Мактел.мк издржуван од олигарсите, тендерашите на СДСМ и десетина други портали кои преку Фондот за иновации, министерствата и олигарсите овозможуваат работа на пропагандната фабрика на СДСМ која нема публика и комерцијални приходи за одржливо работење”.
Според вечер.мк партиската организација ЗНМ, Здружение на новинари, и порталите на СДСМ се изрично против законска регистрација и регулација на информативните портали затоа што во спротивно ќе се намалат лажните вести, клеветите и пропагандата и ќе мораат да работат барем минимално според пазарни услови.
То според анализата се случува затоа што се бега од законско уредување на овој дел од медиумскиот простор.
Аздисаноста според порталот оди до таму што порталите од “пропагандната Фабрика на СДСМ безгрижно вршат даночно затајување и перење пари така што порталите кои продаваат рекламен простор и услуги не се регистрирани како компании кои треба да плаќаат данок, туку како проекти-невладини оргнзиации кои се ослободени од ДДВ и други такси”.
Целата анализа на Вечер.мк во која се споменуваат многу имиња на овој ЛИНК





