Недостигот на сон не е единствената причина поради која луѓето се чувствуваат изнемоштени и заморени. Еве неколку лоши секојдневни навики кои ви ја одземаат енергијата.
Не внесувате доволно вода
Дехидратацијата предизвикува намалување на волуменот на крвта поради што таа станува погуста, па кислородот и хранливите материи побавно доаѓаат до мускулите и ткивата во организмот.

Имате недостиг на железо
Недостигот на железо може да предизвика чувство на бавност, раздразливост, слабост и да ја смали концентрацијата. Ќе осетите замор бидејќи помала количина кислород патува низ крвните
садови.
Го прескокнувате појадокот
Доколку го прескокнете појадокот, ќе се чувствувате тромаво. Појадокот треба да вклучува здрави масти, житарици и немасни протеини.

Брза храна
Храната која е преполна со шеќери и прости јаглехидрати, а можете да ја најдете во рестораните за брза храна, има висок гликемиски индекс, што може да биде показател дека брзо се зголемуваат шеќерите во крвта.





