Ден Дончев на распит во одделот за организиран криминал при МВР

Екс лидерот на Фондот за здравство Ден Дончев бил повикан на информативен разговор во МВР во врска со случајот со видео “бомбата” на која се гледа како прима пари и ги става во чанта.



Дончев според извори во МВР по добиена покана разговарал со инспектори од одделот за организиран криминал.

Од Дончев се бара да даде дополнителни објаснувања за случајот со видеото во кое се гледа дека прима пари во кеш од засега непознато лице.

Предходно Јавното обвинителство се прогласи за ненадлежно за гонење на Дончев по што процесот со Дончев го водат инспектори од МВР.