ДУИ го обвини Филипче дека му се одмаздува на идниот премиер!?

Демократската унија за интеграција (ДУИ) смета дека кандидатурата на Насер Зибери за прв премиер Албанец им ги замаглила видот и умот на политичките опоненти кои, како што велат, не бираат средства за борба против еден Албанец на чело на институциите и на Владата, и по цена на загрозување на јавното здравје на граѓаните.



Од партијата сметаат дека од тие причини е сменет заменик директорот на ИЗЈ, Арбен Зибери.

„Демократската унија за интеграција  остро го осудува постапувањето пресметано врз дневнa политичка цел, освета и во функција на парламентарните избори, на министерот за здравство Венко Филипче против директорот на Институтот за јавно здравје во Скопје, Арбен Зибери.

Ова политичко постапување на Филипче директно го загрозува здравјето на граѓаните и главната институција во борбата против со  Ковид-19 и загрозува илјадници граѓани“, велат од партијата.